ЗАПАД: Вардар го победи Силекс, славеше и Воска, се ќе се решава во последното коло

2810

Во меч од 26.коло во ВМФЛ-ЗАПАД, Вардар со 1:0 го победи Силекс во големото дерби и со тоа си обезбеди шанса за надеж дека во последното коло, следниот викенд, сепак ќе избори бараж за пласман во ПМФЛ.

Вардарци победничкиот гол го постигнаа уште во 9.минута. И покрај најавите сепак не гледавме којзнае каков возбудлив натпревар, вардарци заслужени победија.

Победи и Воска, и тоа со Беса со 3:0, со головите на Трпески, Јакимовски и Алии.

Во последното коло во Кратово играат Силекс – Воска а во Дебар пак Кораби и Вардар. На Воска и треба само бод, ништо повеќе.

РЕЗУЛТАТИ – 26.КОЛО

Вардар – Силекс 1:0

Воска – Беса 3:0

Тетекс – Кораби 3:3

Гостивар – Охрид 0:0

Кадино – Велешта 1:1

ТАБЕЛА

Силекс 65, Воска 58, Вардар 55, Тетекс 36, Гостивар 34, Беса 32, Охрид 29, Кораби 27, Велешта 18, Кадино 7.

ПретходноНавивачите на Лил: Вие сте на одмор? И ние….. (ВИДЕО)
СледноИСТОК: Прилеп „ГОРИ“, Победа и официјално е прволигаш!