Тензично беше и со инциденти се играше во Кочани каде Осогово и Детонит се бореа за опстанок во меч од ВМФЛ – Исток од 26.коло. Удрени беа судиите а и дел од гостинските играчи. Резултатот на крајот беше 1:1, што му одговараше на Детонит а никако на домашните играчи. Интересно, се играше речиси 100 минути, но домашните никако не успеаваа да постигнат победнички гол.
Асанов во 45.минута му донесе водство на Детонит за да во 59.минута Манов успеа да израмни на 1:1.