Клоп не може да верува: Што е со останатите 35.000 билети?

1485

Тренерот на Ливерпул го критикуваше доделувањето на билетите за „црвените“ за финалето во Лигата на шампиони против Реал Мадрид, откако беше потврдено дека половина од картите нема да бидат достапни за двата клуба.

Премиер-лигашот за оваа битка доби 19.618 билети, што е нешто повеќе од 25% од капацитетот на стадионот, кој има место да собере 75.000 гледачи.

И покрај ова, тој ги повика фановите на Ливерпул кои нема да обезбедат билети да дојдат во Париз и да уживаат во она што го нуди градот.

„Дали е точно дека имаме само пи 20.000 карти и ние и Реал. Каде се останатите 35.000 места? Мислам дека Париз е место на кое можете да дојдете и без да имате билети и да уживате. Им благодарам на сите оние кои не поддржуваат, не направивте посебни. Се надевам дека сите ќе успееме на некој начин да направиме неверојатна атмосфер“, изјави Клоп.

Финалето меѓу Ливерпул и Манчестер Сити е закажано за 28. мај во Париз.

ПретходноДенеска ќе се одржи редовното годишно Собрание на РФМ
СледноНаместо на кафе на Широк Сокак – на „баскет“ во сала!