Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра одличен меч за Шалке во триумфот над Ст.Паули во 33. коло во Цвајте. Шалке губеше со 0:2 на полувреме и тоа на домашен терен, а во вториот дел го сврте резултатот на 3:2 и со овие три бода го завери билетот за во првата Бундес лига од наредната сезона.
Чурлинов асистираше за Симон Терод во 71. минута за 2:2, а само седум минути подоцна Шалке преку Залазар дојде до победата.
Македонскиот крилен напаѓач играше до 79. минута, а што е најважно Шалке се враќа во најсилната германска лига по една сезона помината во вториот ранг.
Инаку Чурлинов игра за Шалке како позајмен од Штутгарт кој од друга страна се бори за опстанок во првата Бундес лига.
Дома Меѓународен фудбал Германија Лудило во Гелзенкирхен: Чурлинов и Шалке изборија место во Бундес лигата!