Лука Дончиќ повторно имаше проблем со судиите, одлуки за неверување (ВИДЕО)

305

Лука Дончиќ оваа сезона покрај добрите игри, во центарот на вниманието се најде и поради своите реакции по одредени донесени одлуки од страна на судиите. Ова не е исклучок ниту во полуфиналната плеј-оф серија.

Словенецот постигна 26 поени, 13 скока и 9 асистенции во победата на Далас против Феникс (103-94) за намалување на водството на противникот од 2-1 во конференциското полуфинале на Западот. Подобар од него за два поени беше Брунсон.

Дончиќ имаше неколку реакции кон судиите, по едноставно беше во неверување на одлуките кои беа донесени во корист на противникот.


Во редовите на Феникс, Краудер постигна најмногу, 19. Девин Букер остана на 18 поени.

И Филаделфија успеа да намали во плеј-оф полуфиналето на 2-1, откако на домашен терен го совлада Мајами со 99-79 во мак-бекот на Ембид. Еден од накдидатите за МВП признанието постигна 18 поени и 11 скока, Грин запиша 21.

ПретходноПродажбата на Челзи е договорена за рекордна сума
СледноДенеска ќе се одржи редовното годишно Собрание на РФМ