Порто стана шампион на Португалија по јубилеен 30-ти пат. Екипата од „Драгао“ требаше да освои само бод на гостувањето кај Бенфика, но успеа да слави победа со 1:0 со гол на Сануси во финишот со што ја осигура шампионската титула и го симна Спортинг Лисабон од тронот кој беше првак минатата сезона.
Бенфика ќе заврши на третото место со дури 17 поени помалку од првакот Порто. Спортинг е втор на табелата независно од исходите на другите натпревари.
Порто до сега дозволи само еден пораз, 0:1 од Брага. Тимот на Сержо Консеисао постигна дури 84 гола и беше најстабилен во двобоите со Бенфика и Спортинг. „Змејовите“ ќе го добијат трофејот идната недела против Есторил.
А потоа Порто ќе атакува на двојна титула затоа што игра финале во Купот против Тондела.