Екипата на Нант по 21 година успеа да стигне до трофеј, а после 22 години триумфираше во Купот на Франција. Во 2001 година Нант беше шампион на Франција и од тогаш нема видено трофеј во рацете. Една сезона претходно триумфираше во Купот. Тоа беше најдобрата екипа на Нант и од тогаш клубот никако да застане на нозе.
Се чини дека оваа година е на прав пат. Добро игра во првенството, а еве го освои и Купот. Вечерва на „Сен Дени“ во Париз популарните „канаринци“ ја победија Ница со 1:0 со гол на Лудовик Блас од пенал во 47. минута.
Oва е севкупно четврти трофеј од Купот за Нант, а вкупно 15-ти трофеј во историјата на клубот затоа што има осум шампионски титули, два Суперкупа на Франција и еден Лига Куп.
Les Canaris s’imposent 1-0 face à Nice et remportent leur 4ème #CoupeDeFrance ! 🏆
👏 @FCNantes 🔰#OGCNFCN pic.twitter.com/mawoFiLB3m
— Coupe de France (@coupedefrance) May 7, 2022