Сценарио кое не го очекуваше: Левандовски во „златен кафез“

303

Робер Левандовски и натаму е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но се поставува прашањето дали Баерн Минхен во своите редови треба за да го задржи незадоволниот играч?

Баварците имаа јасен став – Левандовски не може да си оди ова лето бидејќи немаат најдено соодветна земна. Од друга страна клубот не му нуди на Полјакот нов договор и делува како да нема ништо против по истекот на соработката и во 2023 година да замине без обештетување.

Баерн сепак има свои пресметки, според кои играч кој има 34 години, дури и да се вика Роберт Левандовски нема да има голема плата.

Од клубот сметаат дека ќе ги заштедат и да си оди без обештетување, но и да го здржи на уште една година додека не најде замина. Се поставува прашањето што би имал Леванодвски од сето ова корист, кога е нездоволен?

Полските медиуми застанаа во одбрана на својот миленик, сметаат дека тој е во „златен кафез“ и ако сака да остане заслужува да добие нов договор поради неговата лојалност кон тимот, но и од почит за сето она што го има напрвено во изминатите десет години.

Лева на маса има понуда од Барселона, клубот го сака по секоја цена. Тој е мета на Чави Хернандез, кој верува дека со Лева во составот, каталонскиот гигант ќе биде конкурентен за освојување на пехари.

ПретходноМукаетов: Мора да продолжиме да работиме посветено, со една цел – развој и промовирање на македонскиот ракомет!
СледноПандев е уникат: Трет фудбалер по бројот на настапи во Серија А во последните две децении