Ливерпул загуби два бода во трката по титулата во англиската Премиер лига. Вечерва на „Енфилд“ четата на Јирген Клоп одигра 1:1 против Тотенхем и со тоа му даде шанса на Манчестер Сити утре со победа над Њукасл да избие на чело на табелата и да биде во пол позиција за шампионскиот трофеј.
Сон во 56. минута ја начна мрежата на Ливерпул, но домашните успеаа да изедначат преку Лукас Диаз во 74. минута. До крајот на мечот мрежите мируваа, па и Ливерпул и Тотенхем си освоија по бод.
Ливерпул остана прв со 83 бода исто толку има и Манчестер Сити кој својот меч ќе го одигра утре.
А Тотенхем му се доближи на четвртиот Арсенал на еден бод, а „топчиите“ својот меч со Лидс ќе го одиграат утре.
До крајот на шампионатот има уште две кола. Ливерпул ќе игра со Саутемптон и со Вулверхемптон. Сити со Вест Хем и со Астон Вила.
Дома Меѓународен фудбал Англија Тотенхем му нанесе жесток удар на Ливерпул во трката по титулата (видео)