„Академците“ конечно победија, Куманово им ги скрати крилата на „штркчињата“

96

Академија ФМП конечно дојде до победа во битката за опстанок. По четирите порази во низа го совлада Работнички на гостински терен со 87-92 во меч од петото коло.

Во првото полувреме двата ривали си „поделија“ по една четвртина. Гостите од Кисела Вода ја добија првата со (32:25), домаќините возвратија во втората со (23:16), за идентично прво полувреме (48:48).

Академија ФМП на три и пол минути до крајот му дозволи на противникот да поведе со 87-84, но на шест секунди пред крајот, Кошанин погоди тројка, а Бакоч стави крај за сите надежи на оваа средба.

Тодоровски со 32 поени беше лидер кај гостите, каде Кошанин имаше 23 поени. Во редовите на МЗТ Скопје Балмазовиќ беше стандарден со 27 поени.

МЗТ Скопје 2 не успеа да ја продолжи својата надеж во битката за опстанок во Првата лига, па следната сезона се сели во еден ранг подоле.

Освен во првата четвртина во која беа конкуретни, се друго беше на страната на кумановци. По релативно израмнетите (25:22), во првите десет минути, на полувреме домашните кошаркари водеа со (47:35).

По пет одиграни кола во плеј-аут лига сега Куманово 2009 има ефект 10-17, додека пак МЗТ Скопје Уни Банка има само 4-23 со кои е веќе второлигаш, со оглед на тоа дека и екипата на Кожув има ефект идентичен на оној на екипата од Куманово.

ПретходноЈунајтед надигран и понижен во Брајтон, повтори црн рекорд од 1981 година (видео)
СледноГача беше “главен“ во славјето на “Комитите“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)