Алегри по поразот: Повеќе сум бесен, но и разочаран!

240

Јувентус неочекувано вчера беше поразен од Џенова со 2-1, домашниот тим до целиот плен дојде по пресврт во самиот финиш. „Старата дама“ имаше контрола на натпреварот до 87. минута, Џенова прво израмни, а потоа со гол во последните секунди го постави конечниот резултат.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, очекувано беше бесен на своите играчи.

„Повеќе сум бесен. Многу сум разочаран бидејќи не го добивме мечот. Моравме да постигнеме втор гол, но не успеавме. Постојат одредени работи на кои мора да се работи. Карактерот на одредени фудбалери не се вклопуваат. Немавме некој кој ќе го успореше темпото. Кога ќе промашиш токолку многу шанси на крајот следи казна. Тажен сум за поразот, но тоа ништо не ни значи“, изјави Алегри.

ПретходноЏенова го нокаутира Јувентус голови во 87. и 95. минута! (видео)
СледноПродажбата на Челзи е договорена за рекордна сума