Барса не го сака Луис Суарез назад, Уругваецот размислува за МЛС

127

Уругвајската ѕвезда од екипата на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, изјави дека е подготвен да се врати во Барселона дури и со значително намалување на платата, но се чини, Каталонците не се заинтересирани за него.

Како што тврдат неколку доброинформирани шпански новинари, Суарез никогаш не добил конкретна понуда за враќање на „камп Ноу“. Интерес за него пројавуваат Интер Мајами и турскиот гигант Фенербахче, а договорот со Атлетико му истекува за еден месец.

Ако Барселона не одговори на неговата желба за враќање на „Камп Ноу“, најверојатно Уругваецот ќе замине во САД и ќе ја прифати понудата на клубот на Дејвид Бекам.

Претходно„Пукна“ стотка во Битола: Пелистер буквално го растури Феникс!
СледноХоландија има нов заменик-селектор – Едгар Давидс