Мендеш го носи Бернардо Силва во Барселона, мамката за Пеп ќе биде Френки де Јонг

156

Бернандо Силва ова лето ќе го напушти Манчестер Сити, тврди шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Благодарение на големото пријателство меѓу неговиот менаџер, Жорге Мендеш и претседателот на Барселона, Жоан Лапорте, Бернардо Силва ќе заврши во тимот на Чави. „Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона ќе биде следниот клуб на фантастичниот креативец откако ќе започне нова рунда преговори деновиве.

Каталонскиот весник наведува дека во операцијата за доведување на Силва, Чави може да се откаже од Френки Де Јонг, кој е една од желбите на Гвардиола за засилување во средниот ред.

Евентуалното доаѓање на Силва во Барселона секако значително би го засили тимот, бидејќи тој „експлодираше“ во последните неколку сезони.

ПретходноХоландија има нов заменик-селектор – Едгар Давидс
СледноАнчелоти: Ако ја освоиме Лигата на шампионите, ова ќе биде најдобрата сезона во мојата кариера