Попладнево се одиграа четири натпревари од 33.коло во Бундеслигата. Интересно е тоа што на сите четири средби славеа гостите.
Борусија Дортмунд со 1:3 го победи Гројтер Фурт, убедливо најслабиот тим во Лигата. Стрелци на головите за победникот беа Бранд два и Паслак еден, додека за домашните стрелец беше Нганкам. Инаку на гостите ВАР им поништи еден гол поради офсајд.
Лееркузен со 2:4 успеа да го победи тимот на Хофенхајм, Волфсбург со 0:1 славеше на гостувањето кај Келн а Унион Берлин со 1:4 го “торпедираше“ домашниот состав на Фрајбург.