Михајловски со замерки, РФМ го потсети за кредитот од 400.000 евра земен на три месеци пред да замине!

2549

Михајло Михајловски, првиот човек на Вардар денеска не беше присутен на редовното Годишно Собрание при РФМ, но испрати писмо, кое го прочита посредник, член на македонскиот првак.

Претседателот на „црвено-црните“ до РФМ имаше забелешки за начинот на раководење, тој истакна дека во ракометот не е се „розево“, дека на „нашата куќа“ и фали креативност. Михајловски има забелешка за резултатите на машката репрезентација, која одела во надолна линија. Чудно, но вистинито, бидејќи ракометната репрезентација е единствениот национален тим во Македонија, кој со години редовно учествува на големите натпреварувања. Упати критики и за работата на младинските репрезентации, како и за квалитетот на женската репрезентација која после долго време ќе игра на едно Европско првенство, а домаќин ќе биде токму Македонија и РФМ.

Тој забележа и за бројот на странски играчи, бројот на остане на осум.

Од доаѓањето на Живко Мукаетов до ден-денеска никој од РФМ, вклучувајќи го и првиот човек нема јавно откриено за она што им останало во наследство од претходната гарнитура. Денеска имавме сите можност да дознаеме дека пред да си замине Михајловски со своите соработници, подигнале кредит од 400.000 евра на три месеци пред смената. Заедно со уште долго од 200.000 евра, односно 600.000 евра, Мукаетов и раководството го вратиле.

„Во моментот кога ја преземавме РФМ, старото раководство остави долг од 400.000 евра, со се кредит земен на три месеци пред смената на раководството. Ние тоа го подмиривме и до денеска не кажавме ниту збор. Имаме конкретни извештаи за финансиското работење на РФМ од денот на преземањето, но имаме и од периодот кога го водеше претходната гарнитура“, изјави на говорницата Никола Колевски кој во РФМ ја води сметката за финанисиите. 

Мукаетов за замерките на Вардар испрати абер до клубот за ги известат писмено, да испратат предлог околу бројот на странските играчи.

„До сега од Вардар немаме добиено ниту еден предлог. Оставете конкретен предлог до РФМ, па ние ќе разгледаме и ќе одлучиме во консултација со клубовите. И за ова и за сите други предлози што ги имате сме отворени за соработа“, рече претседателот на РФМ, кој од стапнувањето на функцијата до денеска им ги освозможи најдобрите услови на репрезентации, некогаш ракометарите патуваа со автобуси и ниско-буџетни авиони, а сега веќе долго време се скратуваат сите тие маки и часови низ аеродроми и патишта, се патува со чартер летови, истото важи и за женската селекција.

ПретходноПознати двојките во баражот за пласман во Премиер лигата
СледноНаполи го победи Торино, за Елмас само 15-тина минути! (ВИДЕО)