Зад претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и останатото раководство е уште една успешна година. Првиот човек на РФМ не заборави да им се заблагодари на сите кои се дел од успешната приказна, најави дека допрва ги чекаат нови големи предизвици на кои сите заедно треба да работат за иста цел: развој и промовирање на македонскиот ракомет.
Раководството на РФМ оваа година го чека организација на сениорско женско европско првенство, како и кадетско светско првенство исто во женска конкуренција.
„Како национална куќа на ракометот, РФМ ќе продолжи да го дава својот максимум во смисол на комплетна логистика, поддршка и развој и оддржливост на македонскиот ракомет. Нашата задача како Федерација е да промовираме позитивни вредности, посветено и системско работење, придржувајќи се до сите важечки прописи и кодекси на однесување на сите чинители во ракометниот спорт треба дисциплинирано да ги почитуваат.
Претстои период полн со тешки предизвици во кој сите заеднички и посветено треба да работиме со една цел: развој и промовирање на македонскиот ракомет“, се обрати првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.
Што се однесува до настапот на сите репрезентации беше истканато.
„Во текот на извештајниот период, РФМ уредно ги сервисираше сите репрезентации, забележани се вкупно 1590 одиграни натпревари од кои 996 натпревари во сениорски лиги и 594 во младинските категории. Притисокот и жедта за резултатски успех години наназад не останува кога се работи за машките ракометни сениори. Оваа категорија по успешните квалификации обезбеди место на ЕП 2022 и го продолжи континуитетот на шесто учество по ред на континенталните собири.
Лично, не сум задоволен од 22. место и сметам дека можеме подобро. Нова енергија во моментов е ангажманот на селекторот Лазаров и во стручниот штаб се вклучени големи ракометни имиња кои го донесоа своето знаење и даваат голем придонес за македонскиот дрес.
Неодамна по баражот на натпреварите за СП 2023 каде успешно се минаа Романија и Чешка, 12-та година по ред ќе играме на големо натпреварување. Околу квалификациите за ЕП 2024 во Германија, ги чекаат и настапите на Медитеранските игри во Алжир на кои ќе играат и нашите дами.
Околу настапот на женската селекција и покрај шесте порази во Еврокупот на ЕХФ може да се забелжи напредок. Сега не чекаат настапи на ЕП на кое сме еден од домаќините. Успехот во Клаипеда за кадетките донесе голем успех за женскиот македонски ракомет. Со настапите под водство на Савевски, кадетките беа нова надеж за женскиот ракомет. Но, ќе мора да имаме трпение, дисицплина и многу напорна работа. Истото важи и за сите други категории“, беше истакнато на Собранието.