Македонската фудбалска легенда Горан Пандев кариерата ја завршува со уникатно постигнување во италијанската Серија А. Нашата фудбалска ѕвезда последната сезоната од својата активна фудбалска кариера ја заврши со одиграни вкупно 493 натпревари во италијанската фудбалска елита, сите во последните 20 години.
Ова остварување го однесе нашиот екс-капитен на националниот тим на високото трето место на листата на фудбалери со најмногу одиграни прволигашки натпревари во Италија во последните 20 години. Пред Пандев се само голманот на Интер, Самир Хандановиќ, кој вчера против Емполи го имаше својот 550 настап во Серија А во последните 20 години, како и Фабио Кваљарела кој во последните две децении нанижа 530 настапи во Серија А натпреварите.
Зад Пандев во оваа статистичка низа останаа Џиџи Буфон, Алберто Џилардино, Даниеле Де Роси…