„Пукна“ стотка во Битола: Пелистер буквално го растури Феникс!

123

Во меч од 6.коло во плеј – офот во Супер – лигата, Пелистер во Битола успеа да го победи Феникс со високи и убедливи 100-58 (27-14, 22-13, 28-19, 23-12). Значи “пукна“ стотка во Битола. Пелистерци се чини својот гнев, по поразот од МЗТ Скопје во минатото коло, го искалија на тимот на Феникс. Едноставно тие го растурија својот денешен ривл во секоја смисла на зборот. Во текот на целиот меч кошаркарите на Пелистер ја имаа иницијативата, уште на стартот од средбата покажаа кој е кој во овој момент. Па така од минута во во минута, од четвртина во четвртина тие ја зголемуваа предноста, за да на крајот таа изнесуваше цели 42 поени разлика.

Кај победничкиот тим најефикасен беше Крстајиќ со 18 поени, додека Ѓуроски и Малешевиќ постигнаа по 13 поени.

Кај гостите Митревски со 13 поени беше најдобар.

ПретходноПандев е уникат: Трет фудбалер по бројот на настапи во Серија А во последните две децении
СледноБарса не го сака Луис Суарез назад, Уругваецот размислува за МЛС