Рочи е единствената со 100 гола во финската фудбалска лига!

248

Македонската репрезентативка Гентјана Рочи стигна до трицифрен број на голови во финското првенство. Таа денеска постигна еден гол за Купс во победата над ХПС но доволно за да стане најефикасната во историјата на финскиот шампионат.
До пред овој меч таа го делеше рекордот на Синтија Увак (која застана на 99 гола), а Рочи сега е на првото место.
За тоа доби и специјален дрес од клубот. Инаку таа има шест гола во четири настапи за Купс сезонава во најсилната женска лига во Финска, нејзиниот тим има максимални 18 бода.
100 голa е нешто специјално за мене и мојата кариера. Благодарност до моите колешки и противничките кои ми го овозможија овој момент. Не застанувам тука… Одaм напред“, напиша Рочи.
Рочи игра за Купс од 2019 година, а претходно една сезона играше за фински ЈуПК. Пред тоа за Баер Леверкузен, Клопенбург, Борец од Велес.

ПретходноГача беше “главен“ во славјето на “Комитите“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноУрнебесно: Фан на Рома, качен на мотор, им се дереше на навивачите на Лестер, а потоа…(ВИДЕО)