Фудбалерите на Барселона вечерва како гости славеа против Бетис со 2:1 во меч од 35. коло на Ла Лига и го осигураа пласманот во Лигата на шампионите идната сезона. Сите голови патнаа во второто полувреме. Ансу Фати само што влезе во игра ја затресе мрежата на „зелено-белите“. Ова е прв гол по кам-бекот поради тешка повреда на младиот шпански фудбалер. А Марк Бартра изедначи во 79 минута и се чинеше дека ќе има поделба на бодовите, но во 94. минута се случи спектакуларниот волеј на Жорди Алба за победа на Барса.
Дани Алвес нафрли, а Алба со силен шут од косо ја смести топката во мрежата.
За Барса ова е 20-та победа во првенството, а Бетис е на петтото место со 58 бода.
GOALLLL JORDI ALBA IN THE DYING SECONDS pic.twitter.com/SpUZy64ziS
— Hamza (@lapulgafreak) May 7, 2022
#LaLiga | ¡Gol de Jordi Alba en la hora!
Barcelona pone el 2-1 frente a Betis con esta obra de arte del lateral
— En el VAR (@EnElVar) May 7, 2022