Ферари најбрзи во квалификациите во Мајами

108

Двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Сајнц ќе стартуваат од првиот ред на трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави затоа што остварија најдобри времиња во квалификациите.

Леклер беше најбрз и постави време 1:28.796, а втор заврши неговиот клупски другар Сајнц со 19 стотинки послабо време. Oва е прв пат по Мексико 2019 година двоец од Ферари да стартува од првиот ред на главната трка.

Вториот стартен ред му припадна на Ред Бул. Актуелниот првак Макс Верстапен имаше проблеми но сепак го зазеде третото место. Серхио Перез ќе стартува од четвртата позиција.

Валтери Ботас го зазеде петтото место во Алфа Ромео, а со него во стартниот ред ќе биде Луис Хамилтон, поранешниот колега од Мерцедес.
Инаку Шарл Леклер е лидер во шампионатот, а зад него е Макс Верстапен.
Трката за ГН на САД во Мајами ќе се вози утре од 21:30 часот.

ПретходноПорто по 30-ти пат е шампион на Португалија
СледноИлјада „Шверцери“ утре ќе го бодрат Шкупи