Јунајтед надигран и понижен во Брајтон, повтори црн рекорд од 1981 година (видео)

128

Екипата на Манчестер Јунајтед од коло во коло постојано изненадува. Ќе одигра катастрофално, потоа ќе одигра добро, таман си помислил дека ќе тргне одново разочарува.
Пред две кола одигра 1:1 со Челзи, потоа го растури Брентфорд со 3:0, а денеска капитулираше на „Амекс“ во Брајтон.
Домашниот тим победи со 4:0 што е највисока победа на „галебите“ над составот од „Олд Трафорд“.
Каиседо во првото полувреме го доведе Брајтон во водство, а во вториот дел од 49. до 60. минута мрежата на Де Геа ја тресеа Кукурела, Грос и Тросар.
Со овој пораз Јунајтед сега за првпат по 1981 година има пет порази по ред на гостински терени.

„Ѓаволите“ се на 6. место и идната сезона ќе ги гледаме во Лига Европа, а Брајтон е на 9. место.

ПретходноТрајковски го постигна вториот гол во дресот на Ал Феиха (видео)
Следно„Академците“ конечно победија, Куманово им ги скрати крилата на „штркчињата“