Досегашниот играч на тимот на Челзи, Цезар Аспиликуета, е нов член на тимот на Барселона за следните две сезони. Искусниот играч се договори со Каталонците за двегодишна соработка вредна 13.7 милиони евра по сезона.
Дефанзивецот одбележа една цела декада во дресот на Челзи играјќи преку 300 мечеви во дресот на „Сините“.
Тој во моментов има 32. години и се враќа во домашната за него Примера, по повеќе од една деценија, кога одигра неколку сезони во својот матичен клуб Осасуна. Пред Челзи настапуваше уште и за тимот на Олимпик Марсеј.