Анчелоти: Ако ја освоиме Лигата на шампионите, ова ќе биде најдобрата сезона во мојата кариера

157

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти доживува звездени моменти на чело на „Кралскиот“ клуб во моментов. Реално, такви тој во својата пребогата кариера има многу, па ова за него и не е некаква нова и неочекувана ситуација. Мадрид викендов го игра гратското дерби против Атлетико, а секако пред „Кралевите“ е и мечот за сезоната, финалето во Лигата на Шампионите против Ливерпул.

„Тимот е доста добар, утре ќе одлучам околу стартерите. Ќе комбинираме, дел од главните играчи ќе одморат. Единствено сигурно е дека утре ќе игра Лунин , а Куртоа ќе одмора. Овие натпревари се добри за нас бидејќи имаме можност да го одржиме ритамот и динамиката. Точно е дека се небитни за титулата, но важно е да се држи чекор и да се испочитува шампионатот до крај. Ќе се сретнеме со екипи кои играат добро. Овој дрес не обврзува да дадеме се од себе. Го респектираме Атлетико како тим. Тие се соседен и пријателски клуб, а јас имам голема почит кон нивниот тренер и навивачите“ – изјави Анчелоти па ја начна темата околу Герет Бејл.

„Зошто Герет Бејл не учествуваше во прославата на титулата? Го немаше бидејќи не можеше да се движи. Имаше големо болки во грбот. Кога е се во ред со него, тренира со нас, но во моментов има проблеми со грбот“ – рече Анчелоти па поентираше. 

„Никогаш не сум стигнал до оваа фаза од сезоната во ваква ситуација. Каква недела имавме! Ја освоивме титулата и се пласиравме во финалето на Лигата на шампионите. За да биде нашата радост целосна, добро би било да победиме на 28 мај. Ќе се обидеме да го направиме тоа. Ако победиме, тоа ќе биде најдобрата сезона во мојата кариера. Најголемиот квалитет на овој тим е понизноста. Нема арогантни играчи и оние со големо его. Тоа ви помага да го дадете најдоброто од себе, а нашиот тим е скромен. Никој од нив не мисли дека е поважен од другите. Исто така, никој не се чувствува омаловажуван ако не игра постојано. Тие се способни да ја задржат својата понизност секој ден. Тежината на овој дрес е многу важна. Фудбалерите кои го носат дресот на Реал Мадрид чувствуваат нешто посебно“ – рече Анчелоти. 

 

ПретходноМендеш го носи Бернардо Силва во Барселона, мамката за Пеп ќе биде Френки де Јонг
СледноПознати двојките во баражот за пласман во Премиер лигата