Денеска ќе се одржи редовното годишно Собрание на РФМ

70

Денеска со почеток во 11 часот ќе се одржи редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија.

По потврдата на актуелниот претседател на  нашата „куќата на ракометот“, Живко Мукаетов на последниот состанок на Управниот одбор дека останува на чело, текот на Собраните ќе има друга тежина. Човекот кој со години го води ракометот и воедно им ги пружа најдобрите услови на нашите репрезентации ќе остане на оваа функција до крајот на својот мандат. Како еден од главните предизвици е организација на сениорското жеснко првенство оваа година и светското кадетско првенство исто во женска конкуренција.

На дневен ред ќе се најдат нешто помалку од десет точки, меѓу кои финансиски извештаи, активности и слично.

Во центарот на вниманието е проширувањето на првенството и новиот систем на натпреварување во машка конкуренција.

Овој предлог веќе е потпишан од страна на сите клубови, истиот беше усвоен на Управниот одбор, а сега останува само да се официјално да се потврди. Нема да има гласање за оваа точка.

ПретходноЛука Дончиќ повторно имаше проблем со судиите, одлуки за неверување (ВИДЕО)
СледноКлоп не може да верува: Што е со останатите 35.000 билети?