ЗАПАД: Сега Силекс се прашува за судбината на Вардар, Воска денеска ќе навива за кратовци…

896

 

Попладнево од 17 часот се игра претпоследното коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Секако дека најинтересно ќе биде на Автокоманда во Скопје, каде Вардар како домаќин го дочекува Силекс. Пред 20-25 години овие две екипи “дрмаа“ во мак – фудбалот,освојуваа титули, беа вечни непријатели. А сега дојде време Кратово, односно Силекс да се прашува за судбината на Вардар. Имено Силекс е веќе во првата лига, а Вардар денеска мора да победи за ги одржи шансите во последното коло за влез во баражот за пласман во елитата.

Јасно е дека на Автокоманда ќе “гори“. Фановите на Вардар ќе бараат само победа, а кога се мора нешто тогаш е најтешко да се игра, посебно против Силекс кој растоварен од сите грижи ќе си се подготвува за финалето во Купот.

За тоа што може да се очекува од овој меч, свој коментар има Никола Ристески, дефанзивецот на Вардар:

“Секако дека нам не ни преостанува ништо друго освен да победиме на последните два меча и да се надеваме на поволен рсплет  на настаните.Ние денеска со Силекс мора да го одработиме нашиот дел,денеска мора да победиме, па потоа ќе мислиме на последното коло. Точно е тоа дека сме во понеповолна ситуација, но ова е Вардар и негативен став не смее да има. Вардар секогаш и секаде оди на победа и секогаш се очекува најдоброто. Комити се тука да ни ја дадат потребната поддршка и сметам дека денеска ги имаме сите предуслови за да го добиеме овој исклучително важен меч за нас“посочи Ристески.

No description available.

Воска во последните две кола влегува со три бода предност пред Вардар и може уште денеска да стави печат на баражот.Имено тимот од Охрид треба да ја победи Беса на свој терен а Вардар да не слави против Силекс, и тогаш се ќе биде готово. Затоа Воска денеска ќе навива за Силекс. Целта на охриѓани е да не решава последното коло следната сабота во кое тие му гостуваат на Силекс а Вардар игра во Дебар.

Во преостанатите денешни мечеви се среќаваат Тетекс – Кораби, Гостивар – Охрид и Кадино – Велешта.

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО ВО ВМФЛ – ЗАПАД (ДЕНЕСКА 17 Ч)

ВОСКА – БЕСА

ВАРДАР –СИЛЕКС

ТЕТЕКС – КОРАБИ

ГОСТИВАР – ОХРИД

КАДИНО – ВЕЛЕШТА

ТАБЕЛА

Силекс 65, Воска 55, Вардар 52, Тетекс 35, Гостивар 33, Беса 32, Охрид 28, Кораби 26, Велешта 17, Кадино 6 бодови..

ПретходноРФМ и во корона-година со позитивно финансиско салдо
СледноИ официјално: Од следната сезона машката лигата ќе брои 16 екипи!