Готово е. Прилеп и официјално е прволигашки град. Победа и дефиитивно следната сезона ќе игра во елитата. Прилеп “ГОРИ“, најфудбалскиот град успеа, успеа да дојде до целта, а тоа е Прва лига. Победа попладнево го доби Пехчево со 2:0, се чекаше резултатот од Струмица, а таму Беласица со 1:0 ја совлада Слога (В) и со тоа славјето на стадионот “Гоце Делчев“ можеше да почне.
РЕЗУЛТАТИ 26.КОЛО
ПОБЕДА – ПЕХЧЕВО 2:0
БЕЛАСИЦА – СЛОГА (В) 1:0
САСА – КОЖУФ 0:1
ОСОГОВО – ДЕТОНИТ 1:1
ТИМ ЛОКОМОТИВА – БРАТСТВО 2:2
ТАБЕЛА
Победа 59, Беласица 56, Слога (В) 55, Саса 45, Кожуф 37, Детонит 31, Пехчево 30, Осогово 28, Братство 15, ТИМ Локомотива 7