Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше најзаслужен за победата на МТК на гостувањето кај шампионот Ференцварош во унгарското првенство. МТК славеше со 3:0, а Миовски влезе во игра во 58 минута, во 84. минута македонскиот напаѓач се запиша во листата на стрелци за 0:2, а шест минути подоцна пак му асистираше на Футаш кој погоди за конечни 0:3.
Спировски влезе во игра кај МТК во 71. минута.
МТК е претпоследен на табелата со 33 бода, но се уште има шанси да се спаси од испаѓање.
ХАЈЛАЈТС ОД МЕЧОТ НА ОВОЈ ЛИНК