Наместо на кафе на Широк Сокак – на „баскет“ во сала!

320

Пелистер по убедливиот пораз од МЗТ Скопје и изгубеното лидерско водство по долго време, рехабилитацијата ќе ја бара против Феникс. Оваа средба е закажан во невобичаен термин, точно напладне (12 часот) во салата „Боро Чурлевски“.

Од клубот испратија апел до своите навивачи, утринското кафе на Широк Сокак да го заменат со присуство на трибините за освојување на нови бодови со кои ќе останат на делба на првото место со актуелниот првак. Двата тима имаат по 50 бода, кој ќе направи кикс ќе падне.

Победите против Пелистер не се непознати за дебитантот, веќе еднаш на домашен терен ги совлада со 73-70, а по добрата партија против Еуро Никел, младите кошаркари на овој тим ќе влезат дополнително мотивирани, не им пречи што се аутсајдери.

Останатите две средби од шестото коло се играат утре, МЗТ Скопје е домаќин на ТФТ, додека пак Гостивар го пречекува Еуро Никел, битката за првите четири места станува интересна.

Денеска ќе се одиграат сите мечеви од плеј-аут лигата. Тука останува прашањето дали двете последнопласирани екипи, Ангели и МЗТ Скопје Уни Банка, може да ја сочуваат теоријата за опстанок.

За да биде така, Ангели треба да го совладаат Кожув во натпреварот кој е закажан од 17 часот, во салата „Независна Македонија“, а МЗТ Скопје Уни Банка да го изненади Куманово 2009 на гостински терен, еден час подоцна (19.00).

Работнички и Навико Академија ФМП (18:30 часот) ќе играат за поправка на пласманот, односно „впечатокот“ оставен во изминатиот период.

ПретходноКлоп не може да верува: Што е со останатите 35.000 билети?
СледноМенаџерот на Димитријевиќ се закани: Ако Хрватските клубови ја напуштат АБА лигата, ќе се погрижам моите играчи да си заминат!