Пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел, оствари најдобро време на вториот слободен тренинг пред трката за Големата наградата на Мајами.
Второто место го зазеде лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, додека трет финишираше возачот на Ред Бул, Серхио Перез.
Седумкратниот светски шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон заврши на четвртото место, а во фокусот на тренингот остана излетувањето на Карлос Саинц, кој доживеа несреќа за време на сесијата, по што го загуби задниот дел од болидот, излетувајќи од патеката и удирајќи во бариерите на свиокот број 13. Тренингот беше прекинат со црвени знамиња.
Валтери Ботас не учествуваше на тренинзите по несреќата во првата сесија.
🏁 FP2 CLASSIFICATION 🏁
George Russell finishes his Friday in style 🙌#MiamiGP #F1 pic.twitter.com/6gnLpwSGu9
— Formula 1 (@F1) May 6, 2022
Red flag!! Carlos Sainz slams his Ferrari into the barriers 😬 #MiamiGP pic.twitter.com/uBa5VaACkm
— WTF1 (@wtf1official) May 6, 2022