РФМ и во корона-година со позитивно финансиско салдо

98

Во овој момент се одржува редовното годишно Собрание при РФМ, кое има осум точки на дневен ред. Една од нив е финансиски извештај за изминатата 2021 година. Според која РФМ и во време на пандемијата коронавирус работеше во позитива.

Приходите на РФМ за 2021 година изнесува 115.137.311,00 денари, додека расходниот дел е во износ од 107.436.384,00 денари. Овој дел се однесува на водење на сите лиги на РФМ, националните селекции, расходи на организацијата меѓународни и Куп натпревари и квалификациски турнири, трошоци за ракометниот турнир во Струга, трошоци за развој на младински ракомет, учество на меѓународни натпревари во сите категории, како и редовните режиски расходи на канцеларијата на РФМ.

Финансиските средства останати од буџетот од 2021 година се искористени за учество на машката сениорска репрезентација на Македонија за ЕП 2022 година во Унгарија и Словачка, а дел од ќе бидат искористени за следните квалификациски мечеви во 2022 година на машката сениорска репрезентација за учество на СП во Шведска и Полска 2023 година.

Што се однесува до МАРКЕТИНГ ДООЕЛ: Надзорната комисија констатира дека во делот на приходи е реализиран во износ од 2.995.000,00 денари, додека расходот е 2.851.169,00 денарии истиот се однесува на расходи од тековното работење на РФМ Маркетинг ДООЕл. Остварен е позитивен резултат, добивката на Маркетинг ДООЕЛ пред оданочување изнесува 143.831,00 денари.

ПретходноМенаџерот на Димитријевиќ се закани: Ако Хрватските клубови ја напуштат АБА лигата, ќе се погрижам моите играчи да си заминат!
СледноЗАПАД: Сега Силекс се прашува за судбината на Вардар, Воска денеска ќе навива за кратовци…