Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна гол за Ал Феиха на дуелот со Ал Хазем во првенството на Саудиска Арабија. Поранешниот фудбалер на Мајорка и на Палермо успеа да погоди со глава во 45. минута за 1:1, но до крајот неговиот тим го загуби дуелот со 3:1, а нашиот напаѓач во финишот доби и жолт картон.
Ал Феиха го доживеа деветтиот пораз во првенството и е на 6. место.
За Трајковски ова е втор гол во дресот на Ал Фаиха.
📹| فيديو:
45′ هدف التعادل لـ #الفيحاء في مرمى #الحزم بتوقيع أليكسندر ترايكوفسيكي pic.twitter.com/X9M6T3NXbb#مع_الفيحاء— نادي الفيحاء السعودي (@Alfaihaclub) May 7, 2022