Уште една сензација од Ангели, му го зеде скалпот на Кожув

291

Ангели направи важен чекор кон опстанок во Првата лига. Тимот предводен од Боби Митев на домашен терен го совлада Кожув со убедливи 78-68.

Првата четвртина мина во знакот на гостите, имаа предност од 8-17. Сепак момците од Кисела Вода. Во вториот период Ангели отворија со 10-0 за 25-22.

По одморот Кожув успеа да се врати, имаше неизвесност до почетокот на последната четвртина, Ангели заигра победнички, знаеше што точно сака заслужено се радуваше на бодовите важни за опстанок.

Рејм со 26 поени беше прв стрелец, Делоски имаше 13, еден помалку постигна Хендерсон.

На другата страна Унрих одново беше најдобар запиша 23 поени и 5 скока.

ПретходноИСТОК: Прилеп „ГОРИ“, Победа и официјално е прволигаш!
СледноИнциденти во Кочани, удрени беа судиите, Детонит се спаси, Осогово најверојатно во Трета лига! (ВИДЕО)