Адеми и Ристовски славеа во дербито, на чекор се до титулата

74

Екипата на Динамо Загреб со 3:0 со совлада третопласираниот Осијек со головите на Оршиќ во првото и на Шпикиќ и Менала во второто полувреме и е на чекор до шампионската титула во Хрватска. Момците на Чачиќ лесно стигнаа до бодовите иако се очекуваше поголем отпор од гостите но тоа не се случи.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа дел од овој меч со тоа што капитенот играше до 84. минута, а бекот ги одигра сите 90. минути.
На Динамо сега му треба уште три бода од следните два меча за и математички да ја осигура титулата. Во следните две кола ќе игра против Шибеник во гости, и потоа против второпласираниот Хајдук на „Максимир“.

ПретходноРистовски со пехарот од Купот на Словачка
СледноТонали го држи Милан на врвот, титулата се поблиску до „Сан Сиро“ (видео)