Аталаната обезбедис игурна победа од 3:1 на гостувањето кај Специја во првиот денешен меч од 36. коло на Серија А лигата и остана се уште во отворена трка за местото кое обезбедува пласман во Лигата на Европа следната сезона.
Момците на Гасперини, поведоа со голот на Муриел во 16. минута, ноСпеција преку Верде израмни во 30. минута. Одлуката за победникот падна во вториот дел и тоа во завршницата, кога Џимсити во 73., па потоа и Пашалиќ во 87. минута ги поставија конечните 1:3 за гостите од Бергамо.
Standings provided by SofaScore LiveScore