Митревски и Порто го освоија Лисабон и го расплакаа 17-годишниот ракометар на Спортинг (ВИДЕО)

761

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски и Порто се најдоа на чекор до титулата во португалскиот шампионат, откако го совладаа директниот конкурент Спортинг на гостински терен со 28-29 во рамките на 26. коло.

Спортинг беше подобар во првото полувреме, имаше позитива од три гола (13-10), но Порто по одморот заигра многу подобро, во самиот финиш знаеше да го приведе мечот за важни бодови во битката за трофеј.

Митревски бранеше едно полувреме, запиша три интервенции, Ареиа со десет гола беше лидер кај Порто, тој го постигна и победничкиот погодок.

На другата страна во центарот на вниманието беше 17 годишниот Коко Коста за кого допрва ќе се пишува во светот на ракометот. Ова момче постигна 19 гола, кои не беа доволни за триумф на неговиот тим. На крајот Коста се расплака.

Порто сега има 76 бода на првото место, Спортинг е втор со 73 бодови, на четири кола до крајот.

ПретходноКлоп по ремито со Тотенхем: Тие имаа седум дена за подготовка, ние само три!
СледноЧурлинов со македонското знаеме славеше во Гелзенкирхен: Вакво нешто не се доживува често!(ФОТО)