Денеска во Скопје традиционално по шести пат се одржа маратонот HalkEco Skopje RUN 10KM. Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб Работнички и насловениот спонзор HalkBanka, под покровителство на Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт, овој спортски настан веќе станува традиција и е општо прифатен од илјадници натпреварувачи.
Годинава беа дел 1300 маратонци, а почетокот и финишот на трката беше во центарот на градот.
Победник во машката категорија на овогодинешната десеткилометарска трка, како и претходните 5 изданија, е Дарио Ивановски, со нов рекорд од 29:42, на второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски, со време на трчање од 32:36. Од женските прва беше Билјана Кираџиева, со 37:48 минути, второто место го зеде Mиљана Ристиќ со 41:27 минути и на третото место заврши Весна Кираџиева со 43:18 минути.