Ова веќе нема смисла, помошникот Петрески погоден со камен, општа тепачка на сред терен(ВИДЕО)

7319

Не, ова што во моментов се случува во Тетово, на мечот од ПМФЛ коло помеќу домаќинот Шкендија и Шкупи ги мина сите граници на нормален првенствен натпревар. По серијата инциденти пред почетокот и за време на мечот, предмалку следуваше најголемиот. Помошникот судија Гоце Петрески е погоден со камен во главата, а дури му се укажуваше лекарската помош, на спротивната страна од теренот, настана општа тепачка помеѓу двата тима.

Хаосот траеше неколку минути, а кога конечно се смирија страстите, на средината на теренот двата тима заедно со судиската тројка и делегатот преговараат дали мечот воопшто да продолжи. Срамота…

ПретходноПМФЛ: Брегалница подобра од Тиквеш, Ренова го победи Скопје
СледноХаотично дерби: Фудбалската ВОЈНА во Тетово заврши без победник!