Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, сериозно размислува за продолжување на договорот со клубот од француската престолнина, затоа што е целосно задоволен од францускиот првак. Тоа е уште една причина плус да се остварат најавите на францускиот печат дека тој и неговите родители веќе му кажале „ДА“ на газдата на ПСЖ, Ал-Келаифи.
Четвртата понуда на Реал Мадрид која дошла до 23-годишниот напаѓач вклучувала клаузула дека шпанскиот клуб ќе преземе 50% од имиџ-правата на Мбапе, што наводно ги збунила агентите на напаѓачот. Последната понуда на Реал била со бонус за потпишување од 180 милиони евра, но и помала нето-плата од онаа која му ја нуди ПСЖ, само 40 милиони евра.
Прашањето за имиџ-прават кои Реал сака половина да си ги присвои се причина поради која Мбапе може да се реши за останување во Париз.