Убедлива „одмазда“: МЗТ Скопје го „распарчи“ ТФТ среде Аеродром

175

МЗТ Скопје му се реваншира на ТФТ за поразот на стартот на Супер-лигата. Избраниците на Александар Петровиќ пред своите фанови се покажаа во едно поинакво издание од таа средба, доминираа во текот на целиот меч, славеа со 104-81 и ја продолжија битката за лидерското место на табелата. За „сино-белите“ ова беше петти триумф во низа, за тимот од Тафталиџе го запиша вториот пораз во серија.

Актуелниот првак влезе силно во оваа средба, поведе со 17-4, на другата страна гостите вратија со 2-12 и дојдоа на 19-16. Сепак овој период заврши во корист на домаќинот (30-19). Доминацијата на МЗТ Скопје продолжи и во втората четвртина во која имаше највисоко водство од плус 17 поени (48-31).

Добрата одбрана врз најдобриот кошаркар на ТФТ, Хортон беше клучна за ваквиот расплет на настаните, на одморот предноста на МЗТ Скопје изнесуваше 55-41.

Мала криза во редовите на „сино-белите“ на другата страна не беше искористена и покрај тоа што се разигра Хортон, домашните кошаркари и кога не беа на ниво на задачата го одржуваа двоцифреното водство, кое во финишот на овој период беше највиско од 18 поени (79-61).

По само три минути игра во последната четвртина, МЗТ Скопје дојде на 96-71. Иако ТФТ сме го гледале и во ситуации од кои знаел да се извлече, сепак во СЦ „Јане Сандански“ немаше простор за кам-бек, подобриот победи.

Рикиќ со 21 поен и 7 скока беше прв стрелец, зад него беше Милошевиќ со 18 поени, Ајви имаше 14. На другата страна Хортон се разигра во второто полувреме и постигна 28 поени.

ПретходноАлкараз го освои Мадрид, негов четврти трофеј оваа сезона!
СледноЧудни резултати на Островот: Победа од 7:0 за промоција и 19:0 за титула