По освоената титула во Шпанија, тренерот на Реал Карло Анчелоти одлучи на теренот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид да испрати комбиниран тим, а тоа градскиот ривал Атлетико знаеше да го искористи.
Во првите 11 за Реал се најдеоа Лунин, Ваљехо, Милитао, Фернандез, Васкез, Камавинга и Јовиќ, а Атлетико успеа да победи со 1:0 со гол на Јаник Караско од пенал.
Она што е интересно, тренерот и играчите на Атлетико најавија дека нема да приредат шпалир за новите шампиони, со што е прекината голема традиција во шпанската лига. А за Атлетико ова е важна победа затоа што е четврти со 64 поени, шест повеќе од Бетис и со една нога е во ЛШ.
Атлетико до крајот ќе игра со Елче, Севиља и Сосиедад, додека Реал со Леванте, Кадиз и Бетис.