Прославениот тенисер Борис Бекер ги доживува најтешките моменти од својот живот. Осуден е на затворска казна поради финансиски малверзации, затајување данок и префрлување на големи суми на пари на разни сметки со намера да ги прикрие, и заслужено во моментов е зад решетки.
И тоа не било каде туку во еден од најозогласените затвори во Британија, каде што условите се сериозно лоши, а какви и би биле кога таму престојуваат дел од најтешките криминалци во оваа држава.
Бекер во моментов е меѓу нив, и според „Сан“, тој е сериозно загрижен за околностите во кои се наоѓа. Првично што најмногу го загрожило германецот била храната, хигиената, и светлината во ќелиите која речиси и ја немало. Прво што вкусил Бекер кога влегол во затворскиот систем, било некакво говедско месо кое било пресолено, и кое едноставно било прелошо за консумирање. Тој има на неделно ниво само десет фунти на располагање за да си купи храна, а „Сан“ пренесува дека тој ги искористил за бисквити и сок.
Бекер се очекува да биде преместен во друга установа наскоро, но засега ќе мора да се прилагоди на влажните и мрачни ќелии, и да размислува каде погреши па од светкиот тениски гламур и врвот на општеството стигна да биде дел од казнено поправниот систем на Велика Британија.