Верстапен победи во Мајами, разочарување за Ферари

193

Макс Верстапен е победник на првата трка за Големата награда на Мајами. Холанѓанецот успеа да се пробие од третото на првото место и да освои нови 26 бодови (со бод за најбрз круг) и така да ја намали бодовната разлика во генералниот пласман во однос на Шарл Леклер.

Возачите на Ферари Леклер и Карлос Сајнц стартуваа од првиот ред, но водечкиот во генералниот пласман имаше проблем со гумите, па некаде околу осмиот круг му дозволи на Верстапен опасно да се приближи, а веќе во наредниот да му го препушти првото место.

Шампионот излезе прв и до крајот оддолеа на нападите на Леклер и на Сајнц за првото место. Ова е трета победа за него оваа сезона.

Леклер заврши втор, Сајнц трет, Карлос Перез четврти откако не успеа да го претекне вториот возач на Ферари во финишот. Џорџ Расел од Мерцедес заврши на петтото место пред тимскиот колега и екс-шампион Луис Хамилтон.

Во генералниот пласман водечки е Леклер со 104 бода, а Верстапен сега има 87 и е на второто место. Следната трка е на 22 мај на патеката во Каталонија.

ПретходноАтлетико го совлада комбинираниот тим на Реал
СледноОд кризата Челзи профитираше само еден човек – Томас Тухел