Голманот на Баерн Минхен Свен Улрих останува во редовите на германскиот шампион уште една сезона откако денеска потпиша продолжување на договорот до јуни 2023 година. Ветеранот во германската Бундес лига дојде во Баерн во 2021 година и до сега одигра само шест првенствени натпревари, а е резерва на стандардниот Мануел Нојер.
Инаку Улрих бранеше во Баерн од 2015 до 2020 година, потоа една сезона играше во Хамбургер па се врати во Минхен. Од 2008 до 2015 година беше стандарден голман на Штутгарт.