Гостивар се прероди, Еуро Никел ја фати удолницата

154

Дуелот во салата „Младост“ беше решен во последната четвртина, иако домаќинот имаше шанса за многу помирна завршница. Победник излезе Гостивар, кој славеше со 78-70 против Еуро Никел со во рамките на шестото коло во Супер-лигата.

За домашните кошаркари ова беше втор триумф во низа, додека за гостите втор пораз во низа. Па едно вакво сценарио битката за место во плеј-офот продолжи да биде неизвесна.

Ретки беа моментите кога кавадарчани имаа водство, истото претежно беше на страната на Гостивар, кој по првата четвртина водеше со 18-14, на одморот замина со 38-33. Не се промени ритамот, гостите беа немоќни имаа двоцифрена негатива (53-42 и 55-44).

По 61-54 на стартот на последната четвртина, Еуро Никел успеа да се доближи на минус два (64-62), момент по кој тимот на Гостивар се разбуди. Тодоровиќ, Рамсон и Димитриевски зголемија на 72-62. На другата страна гостите не успеаја да се вратат на оваа средба, не само што грешеа, туку и имаа промашени слободни фрлања во важните моменти.

Ефремовски и Гетлинг со по 16 поени беа најефикасни кај домашниот тим, на другата страна Калахан имаше 18 поени.

По оваа средба, Гостивар се искачи на третото место со 44 бода исто колку и Еуро Никел.

ПретходноШампионот со селфи среде Тетово: ПРЕЖИВЕАВМЕ… (ФОТО)
СледноДа не беа Артим и Седло ќе имаше уште поголема ХАВАРИЈА!