Кошаркарите на Валенсија го претрпеа првиот пораз по серијата од три последователни победи во шпанската Лига Ендеса. Денеска на гостувањето против Гран Канарија, Валенсија загуби со 89:83.
Нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра малку повеќе од 16 минути на денешниот натпревар во кои успеа да реализира 12 поени, со 6 асистенции и 2 скока.
И со овој пораз Валенсија останува на 4. место зад Барселона, Реал и Хувентуд.