Ливерпул и Тотенхем ремизираа со 1-1 во рамките на 36. коло во Премиер-лига. По овој резултат „црвените“ се искачија на првото место на табелата со 83 бодови, но дали ќе останат таму ќе одлучи Манчестер Сити, денеска игра против Њукасл во 17:30 часот.
„Навистина сум задоволен од настапот и горд на менталитетот што го покажаа играчите против неверојатно добар противник со план за игра. Неколку работи денеска беа на второ ниво, контрапресингот беше извонреден. Но, тие постигнаа гол и моравме да останеме смирени и да го зголемиме притисокот, тоа е голем предизвик“, изјави Клоп.
Стратегот на Ливерпул призна дека не е ова резултатот кој го посакувале.
„Очигледно е дека ова не е резултатот кој го посакувавме, но впечатокот е добар. Тешко е да се игра против тим кој има светски играчи и менаџер од светска класа. Тие имаа седум дена за подготовка, ние само три дена“.