Мега-спектакл во Тетово: Шкендија VS Шкупи, Артим против Седло, “Балисти“ и “Шверцери“…

4302

 

Време е за супер –спектакл, време е за мега –спектакл. Попладнево од 17 часот во градот под Шара се среќаваа Шкендија и Шкупии тоа во меч од 32.колово ПМФЛ. Се среќаваат досегашниот и новиот шампион на Македонија. Лути ривали, тимови и клубови со голем анимозитет.

И двете се предводени од нашите фудбалски и репрезентавни легенди Артим Шаќири и Гоце Седлоски. Некогаш играа заедно во А-репрезентацијата на Македонија, заедно се радуваа на успесите, а денеска ќе мора да “удрат“ еден против друг, се разбира од тренерски аспект. Ќе видиме чија тактика ќе победи. Инаку Седлоски ретко губел под Шара, и како тренер на Вардар, и како стратег на Шкупи, знае тој како треба против Шкендија.

May be an image of 5 people, people standing and grass

Ова е меч од витално значење за тетовци, во случај на пораз тогаш тешко дека ќе ја видат Европа ова лето,затоа тие три бода им се повеќе од потребни. На Шкупи, со Седло на клупата, овој меч ќе му  биде за престиж. Чаирчани ја освоија титулата, но секако дека Шкупи посакува среде Тетово, кај најлутиот ривал истата и да ја потврди. Нема дилеми дека Чаир сака победа и тоа како.

May be an image of 4 people, people playing football, people standing and grass

Ова е меч и за полни трибини. Ова е меч и за спектакл на трибините каде по подолго време на едно место, на еден натпревар, ќе ги имаме двете навивачки групи “Балисти“ (Шкендија) и “Шверцери“ (Шкупи).

Од Чаир има најави дека најмалку 1.000 фанови на Шкупи денеска ќе одат во Тетово да го бодрат својот шампионскиот состав.

Е, па, време е за мега – спектакл. Под Шара ќе “ГОРИ“…

Играат Шкендија и Шкупи…

Уште една фудбалска битка меѓу Тетово и Скопје, градови кои веќе 15 години не ја даваат титулата никому.

ПретходноАеродром се подготвува за реванш, битката за „четворката“ станува „жешка“
СледноПримањата во Јунајтед намалени за 25%