Нов рекорд на шестото издание на HALKECO маратонот во Скопје

166

Денеска во Скопје традиционално по шести пат се одржа маратонот HalkEco Skopje RUN 10KM. Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб Работнички и насловениот спонзор HalkBanka, под покровителство на Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт, овој спортски настан веќе станува традиција и е општо прифатен од илјадници натпреварувачи.

Годинава беа дел 1300 маратонци, а почетокот и финишот на трката беше во центарот на градот.

Победник во машката категорија на овогодинешната десеткилометарска трка, како и претходните 5 изданија, е Дарио Ивановски, со нов рекорд од 29:42, на второто место се најде Џастин Фриман, со време од 32:03, а третото место му припадна на Атанас Анчевски, со време на трчање од 32:36. Од женските прва беше Билјана Кираџиева, со 37:48 минути, второто место го зеде Mиљана Ристиќ со 41:27 минути и на третото место заврши Весна Кираџиева со 43:18 минути.

ПретходноПМФЛ: “Пандевци“ ставаат „печат“ на Европа, Ѓорче сега се надева на “помош“ од Чаир, Тиквеш гостува под Исарот…
СледноВо синоќешниот славенички хаос, уништен тревникот на стадионот на Шалке