Не, ова што во моментов се случува во Тетово, на мечот од ПМФЛ коло помеќу домаќинот Шкендија и Шкупи ги мина сите граници на нормален првенствен натпревар. По серијата инциденти пред почетокот и за време на мечот, предмалку следуваше најголемиот. Помошникот судија Гоце Петрески е погоден со камен во главата, а дури му се укажуваше лекарската помош, на спротивната страна од теренот, настана општа тепачка помеѓу двата тима.
Хаосот траеше неколку минути, а кога конечно се смирија страстите, на средината на теренот двата тима заедно со судиската тројка и делегатот преговараат дали мечот воопшто да продолжи. Срамота…